Легендарната „Четворка“ е автомобил кој на многу луѓе измамува насмевки на лицето само кога ќе се сетат на него и затоа презентираме неколку важни факти кои би требало да се знаат.

old-renault4-5Renault 4 е третиот најпродаван автомобил во историјата на автомобилизмот

Темелите на овој легендарен автомобил биле удрени во 1956 година, кога тогашниот претседател на „Рено“ Pierre Dreyfus наредил започнување на проект на возило кое ќе биде одговор на „Спачекот“ на Citroen. Пет години подоцна својата премиера ја имал на автосаемот во Париз како R4, а четири години подоцна името ќе го смени во Renault 4.

r4-milionНикој не очекуваше дека производството на овој необичен автомобил ќе потрае дури до 1992 година и дека ќе биде произведен во дури 8.135.424 единици, бројка која го става во клубот најпродаваните автомобили на сите времиња, веднаш позади „Бубата“ и „Форд Т“. Мораме да наведеме дека овој податок е контроверзен, бидејќи во поголем број на примероци е продаден моделот Fiat 124/Lada, но заради различната номенклатура на овој автомобил бројната статистика не се зима во предвид.

renault-4-interiorrenault-4-tl-nn5gqo0z

Менувачот на „Четворката“ е попознат како „Чадор“

Renault 4 по многу нешта беше посебен автомобил, а една од најголемите посебности е неговиот менувач кој личел на дршка од чадор и токму затоа во нашите краишта го добива овој прекар. Се зборуваше дека овој менувач може да го расипе само ако го возел оној кој – не знае да вози.

êîé 

Последните 1000 примероци биле произведени во СФРЈ

Renault 4 се произведувал во дури 13 земји, меѓу кои беше и нашата Југославија. Од 1973 кога кај нас во Industrija motornih vozil (IMV) Словенија, започнало производството, до 1992 година кога завршило, произведени се вкупно 575.960 примероци. Интересно е што токму во Ново Место се произведени последните 1000 единици, познати како Bye-bye серија.

ñá¬áa 

На релито Монте Карло „Четворката“ стигнала – последна

Renault 4 никогаш немал тркачки амбиции, па не е чудо што на релито Монте Карло во 1962 година завршил на последното место. Но, затоа имал брилијантни резултати на релијата на издржливост – на Париз-Дакар релито во 1979 стигнал четврти, а една година подоцна дури освоил трето место.

 renault-4-sixties-2

Познатите ја обожаваа „Четворката“

Меѓу познатите личности кои ја поседуваа и ја сакаа се Пирс Броснан, Брајан Фери, Фернандо Торес и други.

r4cs-sloveniaКога папата Фрањо благословил стотици возачи на Harley Davidson, тие му поклониле еден ваков нов мотор. Папата го продал и парите ги дал во добротворни цели. Но, кога му поклониле 30 години старо „Рено 4“ со поминати 300.000 км одлучил да го задржи и одушевено се возел во него, бидејќи го потсетувало на помладите денови, кога и самиот поседувал едно Renault 4.

634461411073244298_katrca

Повеќе вести од денес тука

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.