Многу возачи, соочени со високите цени на горивата, возат со прениски вртежи со желба да заштедат некое количество гориво, не знаејќи дека можат да му направат голема штета на моторот.

a-gauge-tachometer-rpm-HD-WallpaperВозењето со прениски вртежи на моторот го намалува подмачкувањето и ладењето, ги зголемува вибрациите и го намалува работниот век на моторот. Оваа појава е особено штетна кај големите оптоварувања – при угорнина и кај забрзување, односно при преоптоварен автомобил, каде е многу подобро да се вози со високи вртежи на моторот.

Кај бензинците најповолно подрачје е помеѓу 2.000 и 4.000в/мин, а кај дизелашите помеѓу 1.700 и 3.000в/мин. Тогаш моторот најдобро влече и најмалку троши, оптоварувањето е најмало и имаме оптимално подмачкување и ладење.

2010_mazda3_12Исто така, треба да се избегнува нагло притискање на педалата за гас на ниски вртежи. Во таа ситуација, во моторот се создава дебаланс и заради недоволниот хидродинамички притисок маслениот филм пука и доаѓа до суво триење, се зголемува абењето, а целата ситуација ја влошуваат вибрациите.

Значи, може да се вози со ниски вртежи на моторот само ако автомобилот „крстосува“ на рамен пат и удолница и доколку не е потполно оптоварен. Доколку сакаме нагло да забрзаме или наидува угорнина, тогаш задолжително префрлуваме во понизок степен на пренос.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.