1lambe

Како гостин во рубриката „Познатите возат“ во популарното автомобилско шоу „Високи октани“, Ламбе ни зборуваше за неговите приоритети како возач и дека не пробувал да ги заведе припадничките на понежниот пол со неговиот автомобил.

Во придружба на прекрасната водителка Јелена Јованова која го водеше разговорот со Ламбе, атрактивниот „БМВ Икс1“ „предеше“ низ скопските улици.

Ламбе е учесник и во трката на познатите во Серес, во рамките на атрактивниот серијал „Која е најбрзата македонска ѕвезда?“, каде се пласираше трет на табелата на натпреварувачите од посилниот пол.
lambe

Нашиот специјален инструктор кој ги подготвуваше ѕвездите за возењето на патеката, инаку неколкукратен брзински шампион на Македонија, Даниел Крстевски, изјави дека Ламбе има исклучителен талент за возење и голем потенцијал доколку би сакал да се посвети и на тркачка кариера.

 

 

Сподели.


За Авторот

Leave A Reply