Познатиот филмски глумец и 38-от гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, важи за голем вљубеник во автомобилите.

со девојкаПокрај љубовта кон тркалата (намерно не прецизиравме четири тркала, бидејќи има и неколку вредни „Харли Дејвидсон“ мотоцикли), поседува и дебело банкарско конто, така да не му претставува никаква тешкотија да одвои два милиони долари за Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse.

arnold-schwarzenegger-seen-driving-his-bugatti-veyron-photo-gallery_1Се работи за модел кој е посебно прилагоден на неговите побарувања и габарити. Францускиот суперавтомобил е погонуван од моќниот W16 турбо мотор, кој развива 1.200кс, а до стотка стигнува за само 2,5 секунди.

arnold-schwarzenegger-seen-driving-his-bugatti-veyron-photo-gallery_6Викаат дека мажот има потполна доверба во својата избраничка кога ќе и дозволи да го вози неговиот автомобил.

arnold-schwarzenegger-seen-driving-his-bugatti-veyron-photo-gallery_8Тоа што 67-годишниот „Терминатор“ и дозволил на својата 30 години помлада пријателка да го вози овој скапоцен автомобил, мора да значи нешто многу повеќе од доверба.

[wzslider transition=”‘slide'”]Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.