На автомобилските саеми ширум светот, како составен дел од гламурот, од секогаш биле убавиците. Дали во иднина истите ќе бидат забранети?

331864Раскошно облечените убавици, како дел од автомобилските саеми на најголемиот пазар на светот, би можеле да бидат забранети.

titelИмено, организациониот комитет на Саемот на автомобили во Шангај, кој ќе одржи состанок во април месец, објави дека ќе расправа за забрана на присуство на убавици, пишува „Чајна дејли“.

car_show_girl_sexy_1Во последно време саемите (не само автомобилските) во Кина стануваат познати по оскудно облечените манекенки, а некои од нив дури се опишани како „саеми на телото“.

704_954653_461772Организаторот во соопштението наведува дека размислува од Саемот „да ги отстрани гламурозните модели, за да се врати суштината на изложбата и за да се обезбеди поцивилизирана атмосфера“.

shanghai-show-babes-china-1-0Агентите на една агенција за изнајмување модели оценуваат дека, доколку се воведе оваа забрана, за нив ќе значи голема загуба, но и го наведуваат следново: 

china-motor-show-10-painted-on– Имајќи во предвид дека повеќето од моделите не поседуваат други квалификации, укинувањето на овој ангажман е тотално неправеден. Организаторот може да донесе подетални прописи, како што е должината на фустанот кој моделите би требале да го носат или кој дел од телото не треба да се покажува. Она што е најважно, не се моделите тие што сакаат да бидат оскудно облечени, туку самите автомобилски компании кои ги најмуваат.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.