tamara-poznatite-vozat-2

Тамара Тодевска, позната на гледачката публика на „Високи октани“ како единствената дама во големото финале на серијалот „Која е најбрзата македонска ѕвезда?“ во минатата сезона во Серес, е голем вљубеник во автомобилите и брзото возење и по трет пат е гостин во нашата емисија.

Овој пат таа седна зад воланот на прекрасниот „Ауди Ку 3“ (Аudi Q3), или како што посака да го нарече по возењето, „чудо од кола“! „Вистински премиум бренд за потполно уживање“, вели Тамара.

Инаку, нејзината успешната музичка кариера продолжува со новиот албум и актуелниот сингл, „Неќеш да сум сама“, за кој зборуваа со Јелена додека ги крстосуваа скопските булевари во прекрасниот „Ауди Ку 3“.

tamara-poznatite-vozat-3

Уживајте во возењето и разговорот!

 

 

Сподели.


За Авторот

Leave A Reply