Серџо Маркионе е прв човек на седмиот по ред најголем авто-произведувач во светот и има своја визија за иднината на автомобилската индустрија

24-CHRYSLER-master1050

Во периодот кога гигантите како што се Mercedes, Audi и BMW најавуваат електромобили до крајот на деценијата, првиот човек на Fiat Chrysler не е убеден дека електрификацијата е начин за одење напред.

Како една од причините го наведува фактот што технолошките компании, а не автомобилските, го диктираат темпото на производство, бидејќи тие ги набавуваат материјалите потребни за производство на батерии.

Прашан, зошто не е инспириран од успехот на Елон Маск, бидејќи тој создава икона токму како iPhone, Маркионе жестоко одговори:

Sergio-Marchionne-FCA-610x406

„Добредојдовте во светот на иконите. Јас не правам телефони, туку автомобили. Зошто не правам iPhone од автомобил – бидејќи ако изгледаат и мирисаат како Tesla, тогаш не знам како да ја направам пресметката. Не постои ништо што Tesla го прави, а ние да не го можеме истото. Ние правиме автомобили, ги продаваме и понатаму си ги плаќаме сметките. Но, не сум сигурен дека можете да ги покриете сите трошоци, а камоли да имате профит, со електрификацијата. Одговорот лежи на друго место. Прашање е дали работиме доволно за да го истражиме тоа „друго место“.

Скептизицмот на Маркионе доведува до едно друго можно решение – водород.

Тој погон е единствен за кој посериозно се размислува во авто-мото индустријата. Но, од друга страна критичарите порачуваат дека во периодов водородот не е исплатлив заради производните трошоци, транспортот и чувањето.

На што точно мислеше првиот човек на FCA останува непознато.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.