Русите доаѓаат!

lada m

Како што веќе порано најавивме, на Автосаемот во Москва светска премиера има моделот XCode, но и многу други модели на Ladа.

Производството би требало да започне следната година, а студијата прикажува мал атрактивен SUV, кој со леснотија ќе го победи својот главен ривал во класата – грдиот Nissan Juke.

Компанијата одлучи да не открива многу детали за овој модел, но сепак дознаваме дека XCode пристигнува со неколку нови решенија, меѓу кои се нов турбо мотор, погон на сите тркала, како и Lada Connect платформата.

Во Москва на овој автомобил се придружи и Ladа Vesta Cross концептот.

За прв пат прикажано во 2015 година, станува збор за возило со четири врати, со висок клиренс и опремено со заштита за нешто поумерено off road возење. Тука е и Vesta SW Cross концептот.

Покрај овие модели, прикажана е и Vesta Sport, возило со тркачки стил. Моделот е опремен со спортско подвозје, направено од спортскиот тим на Lada во WTCC.

Последните два модели кои беа претставени се два XRay концепти – XRay Cross за off road авантури и XRay Sport спорт концептот со спортско подвозје и дополнителна сила.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.