По повод 50-годишнината од претставувањето на оригиналниот 124 Spider објавуваме богата споредбена галерија на стариот и новиот модел

2

FIAT 124 Sport Spider ја имаше својата светска премиера на Автосаемот во Торино 1966 година. Беше заснован на лимузинската верзија на FIAT 124, а за дизајнот беше задолжен Пининфарина.

За погон беше употребен 1.5-литарски мотор со 4 цилиндри, додека силата од 90кс се пренесуваше на задните тркала со помош на 5-брзински мануелен менувач, а максималната брзина која ја постигнуваше беше 170км/ч.

FIAT 124 Sport Spider е редизајниран во 1972 година, кога беа воведени и 1.6 и 1.8-литарски мотори од поголемиот FIAT 132. Послабиот произведуваше 108кс, појакиот 118кс, со максимални брзини од 180 и 185км/ч.

Во 1978 година FIAT 124 Sport Spider добива 2.0-литарски мотор, а во 1981 година Пининфарина на женевскиот Автосалон го претстави новиот модел со номенклатура Spider Europa. Ова возило користеше 4-цилиндричен 2.0-литарски мотор со 105кс. Две години подоцна агрегатот е унапреден со турбо полнач и можел да развие 136кс.

Во половината на 80-те години FIAT 124 Spider престана да се произведува. Новата шанса ја добива дури 3 децении подоцна, со современата верзија настаната во соработка со Mazdа.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.