Доколку мислевте дека Toyota Land Cruiser е импресивен теренец, како би го оцениле Mega Cruiser Russia?

01

Иако комфорот и атрактивноста не им е појака страна, Русите дефинитивно знаат да направат одлични теренски возила, ненадминливи по практичноста и доверливоста.

02

Еден од најновите примери е и моделот кој денес го претставуваме, со импресивна номенклатура – Mega Cruiser Russia, базиран врз популарниот советски камион GAZ-66, дело на Вјачеслав Золотухин од Краснокаменск.

03

Mega Cruiser Russia е долг дури 5,8 метри, широк и висок 2,3 метри, со импресивна маса од дури 3,5 тони.

Колку ова возило е големо најлесно може да се процени со директна споредба со Toyotа Land Cruiser, која покрај него делува како фамилијарен компакт од Ц сегментот.

05

Наместо серискиот агрегат од GAZ, Вјачеслав во својот теренец вградил силен 6-цилиндричен 7.5-литарски турбо дизел на Toyotа, наменет за азискиот и австралискиот пазар.

06

Ентериерот е позајмен од камионот Isuzu Elf, додека воланот ентузијастите ќе препознаат дека е од Hondа Civic/CR-V од втората половина на 90-те.

08

Доколку се прашувате колку троши рускиот монструм, одговорот е 13,5 литри при брзина од 80 километри на час.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.