Германскиот Hamann веќе промовираше тјунинг пакети за Range Rover Evoque, а бидејќи во меѓувреме се појави и Evoque Cabrio и за него е подготвен комплетен тјунинг и тоа импресивен

3

Се е тука, во пакетот спаѓа комплетен боди кит, нови тркала и издувен систем, како и унапредено потпирање и засилување на моторот.

4

Аеро боди китот содржи изменети браници, нов комплет на прагови, проширени калници, заден дифузор и спојлер, додека тркалата се од 22 инчи со пневматици 295/30ZR22.

1

Моторите се засилени, па така турбо дизелашот од 150 е засилен на 181кс, а Si4 бензинецот од 240 на 260кс.

2

По желба на сопственикот, Hamann може да ја персонализира и модифицира и внатрешноста, од патосници, преку алуминиумски педали, па се до лед осветлување.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.