Во возниот парк на Дубаи, покрај моделите како што се Bugatti Veyron и McLaren MP4-12C, пристигнаа и најновите членови на полициската ергела, топ моделите на Audi – Q7 и R8

d1

Полицијата во најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати во целиот свет е позната по својот возен парк преполн со егзотични автомобили. Сега полицајците добија засилување – Audi Q7 и R8.

Во возниот парк на Дубаи, покрај моделите како што се Bugatti Veyron и McLaren MP4-12C, пристигнаа и најновите членови на полициската ергела, топ моделите на Audi – Q7 и R8.

3

Полициските сили добија две единици Audi R8, опремени со 5.2-литарски V10 мотор со максимална сила од 397kW.

Поголемиот и полуксузниот Audi Q7 е придвижуван од 3.0 TFSI агрегат со максимална сила од 245kW, што значи дека до брзината од 100км/ч постигнува за 6,1 секунди, додека на R8 му требаат само 3,5.

2

Освен опишаните возила, полицијата во Дубаи патролира и со следниве возила: BMW M6 Gran Coupe, Brabus B63S 700 Widestar, Chevrolet Camaro SS и Mercedes-Benz SL 63 AMG.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.