Фактот дека вистинската страст кон автомобилите не се намалува со годините најдобро го потврдува овој возрасен Швеѓанец

3m

Иако е на прагот на стотата година, Ленарт Рибринг (97) и понатаму ужива во возењето и тоа не на било кој автомобил.

Веќе повеќе од половина век неговиот избор е Ford Mustang. Првиот примерок го набавил во далечните 60-ти години на минатиот век и е еден од првите сопственици на Mustang во Шведска, а сега вози најнов модел со 5.0 V8 мотор.

2m

Ленарт е роден во 1919 година, а возачката дозвола ја добил во 1937. Овој пензиониран бизнисмен уште има добар вид и рефлекси и вози со многу самодоверба.

Погледнете ја приказната за овој извонреден човек:

„Се вљубив во овој автомобил штом се појави и од тогаш не сум ни помислил да возам нешто друго“, изјави Ленарт и додаде:

„Не ми преостана уште многу, но планирам уште малку да се забавувам во животот, а ова е вистинската работа“.

1m

Ние му посакуваме уште многу безгрижни километри со неговиот нов црвен Mustang.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.