Компанијата NextEV го претстави Nio EP9, првиот кинески хипер-спортски автомобил со импресивни карактеристики

nio-ep9

Станува збор за потполно електричен автомобил, лимитирана серија, кој по најавите од NextEV ослободува дури 1360 коњски сили.

Четирите електромотори го лансираат возилото до 100км/ч за само 2,7 секунди, додека максималната брзина изнесува околу 320км/ч.

Наведените податоци звучат уште поимпресивно доколку се знае дека возилото е тешко околу 1.740 килограми, благодарение на двата блока на литиум-јонските батерии.

Тие овозможуваат автономија од околу 425 километри, додека за нивно полнење е потребно само 45 минути.

NextEV Nio EP9 го поминува Nurburgring Nordschleife за само 7 минути и 5 секунди, што е за само 8 секунди поспоро од фантастичниот Porsche 918 Spyder и за дури 17 секунди побрзо од досегашниот електричен рекордер – Toyotа TMH EV P001.

Nio EP9 ќе биде произведен во ултра ексклузивна серија од само шест единици, а цената не е соопштена.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.