Полската работилница Game Over Cycles го претстави својот најнов потфат, специјално создаден за светски познатиот Hard Rock Cafe

hard_rock_cafe_01

Направен околу HD 883 Sportster агрегат, овој мотоцикл е преполн со музички референци – од задната вилушка во форма на врат од гитара, акумулаторот кој потсетува на засилувач, преку филтерот за воздух како микрофон, а листата продолжува.

Единствен стандарден дел на овој филигрански изработен мотоцикл е наведениот агрегат, а се останато е направено од специјалистите од Game Over Cycles.

Дури и седиштето е изгравирано со ноти од песната на AC/DC, Highway to Hell.

Врвно custom остварување, со оригиналност и целосна посветеност на детали.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.