Дуел на два најмоќни сериски „хечбека“ – дали 50 килограми полесниот Golf R има шанси против 50кс поснажниот Focus RS?

2

Ford Focus RS и Volkswagen Golf R спаѓаат во самиот врв на спортските хечбек модели.

Фаворитот на Ford под хаубата крие 2.3 EcoBoost турбо бензински мотор кој произведува 350кс и 440Nm.

3

По фабричките податоци, возилото тешко 1.524кг забрзува до 100км/ч за 4,7 секунди, пред да достигне максимални 266км/ч.

Од другата страна е лутиот ривал Volkswagen Golf R, кој погонот го добива од 4-цилиндричен 2.0 турбо бензинец со 300кс и максимален вртежен момент од 380Nm.

1

Врз основа на спецификациите, возилото со маса од 1476 килограми до стотка пристигнува за 5,1 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250км/ч.

Погледнете го овој жесток дуел и дознајте дали Golf R во некои од натпреварувачките дисциплини успеа да го изненади поснажниот, но и потежок Focus RS:

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.