Припадничките на понежниот пол ги одбраа најдобрите автомобили на Women’s World Car of the Year 2016

Покрај тоа што е прогласен за вкупен победник, Jaguar F-Pace триумфираше и во категоријата кросовер/СУВ.

Jaguar F-Pace

Првиот Jaguar од ваков вид победи на Women’s World Car of the Year 2016 благодарение на „комбинацијата на успешен дизајн, секојдневната практичност и неспоредливото возачко искуство кое го нуди“, стои во образложението.

Жирито се состоеше од 17 дами од 14 земји, а имаа задача да изберат најдобри возила од 294 актуелни модели.

2016-honda-civic-sedan

За најдобар автомобил во категоријата фамилијарни патнички возила прогласена е Honda Civic, додека наградата за најдобар модел со спортски перформанси ја однесе Ford Mustang.

fordmustang2016-03

Дамите одлучија дека Honda Jazz е најдобар автомобил во категоријата ниско буџетни модели, додека на другиот крај на ценовниот спектар во класата на луксузни возила победи Volvo S90.

Volvo S90

По мислењето на припадничките на поубавиот пол Toyota Prius од четвртата генерација е „најзелен“ автомобил на 2016 година.

toyota-prius-review-2016

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.