Иако силно „набилдан“ со најсовремена технологија и импресивни перформанси, Bugatti Chiron по вредноста многу заостанува зад својот далечен предок – класичниот Type 57S Cabriolet

2

Иако е снажно набилдан со најсовремена технологија и импресивни перформанси, Bugatti Chiron по вредноста многу заостанува зад својот далечен предок, класичниот модел Type 57S Cabriolet, произведен пред дури осум децении.

Доказ дека колекционерството на ретки олдтајмери е профитабилен бизнис е и овој класичен Bugatti, кој ќе биде понуден на продажба во аукциската куќа RM Sotheby во март следната година.

1

Станува збор за еден од само три произведени примероци на моделот Type 57S Cabriolet од 1937 година, изработени во работилницата на компанијата Vanvooren.

Иако никогаш не бил во потполност реставриран, овој бисер на Bugatti е сочуван скоро во оригинална состојба и ја има целата потребна документација.

3

По скоро 80 години постоење, возилото за прв пат ќе биде понудено на аукција, а организаторот очекува дека ќе постигне цена од дури 8,5 милиони долари.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.