Одлуката ја потврди главниот извршен директор на VW Herber Diess при образложувањето на развојниот план Transform 2025+

clean-diesel

Одлуката ја потврди главниот извршен директор на VW Herber Diess при образложувањето на планот Transform 2025+, покажувајќи ја развојната насока на VW кој започна со отпуштање на 30.000 работници.

Реструктуирање и репозиционирање, со тие зборови накратко може да се опише глобалниот план на Volkswagen, со цел – заздравување од последиците на Dieselgate.

reutersmedia

Минатата недела гласно одекна веста дека VW ќе отпушти дури 30.000 луѓе, а новата вест е врзана за американскиот континент и се однесува на одлуката во потполност да се укине продажбата на дизелски мотори на тој пазар.

Diess најави дека Volkswagen ќе понуди голем број на SUV модели, што заедно со реструктурирањето е првиот дел на планот Transform 2025+.

504671108

Вториот дел се однесува на развој на електромобили, при што VW планира да игра клучна улога во овој сегмент. Предвидено е до 2025 година да се продадат милион електрични возила.

Освен наведеното, во VW се надеваат дека ќе ја зголемат профитната маржа од 2 на 6 посто.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.