Доплатната опрема најчесто нуди мноштво корисни опции и персонализации, но тука има и многу претерувања кои чинат дури и повеќе од нов автомобил

Луксузните модели во основните варијанти често достигнуваат астрономски цени, а дополнителната опрема може дури и да ја удвои сумата која е потребна да се изброи за едно вакво возило.

Денес ќе ги разгледаме 10-те најскапи опции:

10. Range Rover и дополнителни излетнички седишта

Луксузниот SUV може да се нарача со специјални кожни седишта кои се поставуваат на вратата на багажникот. За ова задоволство е потребно да се издвојат 5.900 фунти, колку во Британија чини најевтината Dacia Sandero.

9. Ferrari F12 berlinetta и торба за голфери

2013-ferrair-f12-luggage

Ferrari нуди брендирана торба за голф, која чини 6.240 фунти или едно Renault Twingo.

8. Audi A7 и премиум аудио систем

Доколку сопственик на купе лимузината A7 посака да ужива во фантастичен звук, ќе мора да доплати 6.300 фунти за Bang & Olufsen озвучување. За истите пари на британскиот пазар може да се набави нов Suzuki Celerio.

7. Porsche Panamera и керамички сопирачки

Дополнителна безбедност на возачите на Panamerа пружаат унапредени керамички сопирачки, но тоа задоволство чини уште 6.446 фунти, што е за само 500 фунти помалку од цената на нов FIAT Punto.

6. Rolls-Royce Phantom и небо полно со ѕвезди

За да уживаат во симулацијата на ѕвездено небо, патниците на Phantom треба да издвојат дополнителни 7.344 фунти или да пазарат нов градски Seat Mii.

5. Abarth 656

Овој Abarth заснован на FIAT 500 е моќна тркачка машина, а со диференцијал за ограничено пролизгување и специјален тркачки менувач е сон на секој автоентузијаст. Но, додатоците чинат дури 8.500 фунти, што одговара на цената на нов FIAT 500.

4. Lamborghini Aventador и јаглеродни влакна

Aventador е познат по обемната употреба на елементи од овој ултра лесен материјал, но од него никогаш доволно. За 9.192 фунти се добива дополнителен карбонски пакет во ентериерот, а за истите пари во Британија можете да возите нов Suzuki Swift.

3. Mercedes AMG GT

За дополнителни 10.695 фунти, колку чини една од доплатните опции на овој автомобил, може да се купи нова Škoda Fabia.

2. Noble M600 Speedster со автоматски менувач

Овој суперспортски модел стандардно се испорачува со мануелен менувач, а доплатата за автоматик изнесува дури 15.000 фунти. Толку чини и спортска верзија на Opel/Vauxhall Corsа.

1. Bentley Bentayga и класичен часовник

Bentley Bentayga

Шампионот на оваа контроверзна листа е Bentley Bentayga. Супер луксузниот SUV во основната верзија чини 135.000 фунти.

Меѓутоа, цената вртоглаво достигнува ненормална височина доколку се нарача опциониот Breitling часовник на инструмент таблата кој чини неверојатни 150.000 фунти.

За оваа цена може да се набави цела ергела на разни возила.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.