Заедно со Ladа Samarа, Алеко (1986 – 2003) копија на Simcа 1307, се едни од најзначајните автомобили на советската автоиндустрија

Aleko

На почетокот на 80-те години на минатиот век Советското министерство за автомобилска индустрија набавило повеќе од 20 модерни автомобили од западноевропскиот пазар и по тестирањето надлежните одлучиле новиот Москвич 2141 да биде копија на Simcа 1307.

Aleko2

Произведуван од 1986 до 2003 беше знак на новите времиња на советската автоиндустрија, но исто како и кај францускиот оригинал најголем проблем му беше застарениот мотор, а лимузинската верзија 2142 стигна подоцна и го надживеа оригиналот.

aleko 1

На огромниот руски пазар ја донесе концепцијата на преден погон, со надолжно поставен мотор и MacPherson ослонување, за кое се тврдеше дека е позајмено од Audi 80. Во моделите за извоз се вградувани дизелаши на Ford и Peugeot, а лиценцно е составуван и во Бугарија.

Aleko3

Номенклатурата Алеко означува Автомобилниј завод имени Ленинского Комсомола. По распадот на СССР, новите модернизирани верзии повеќе не се продаваа кај нас, а во источните земји и денес често се среќава на патот.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.