Иако Хен му пратил чек од милион долари лично на Серџо Маркионе не му било дозволено да го купи LaFerrari Aperta

LaFerrari-Aperta

Хен е познат автомобилски колекционер, поранешен тркач, кој веќе поседува стандардно LaFerrari во својата колекција.

Но и покрај ова не му било дозволено да го купи LaFerrari Aperta, дури ни кога му испратил чек од милион долари лично на директорот на FCA групацијата Серџио Маркионе, по што Хен вложил тужба против италијанскиот произведувач.

PRESTON HENN

„По вложувањето на тужбата, прашав кои ни се шансите да победиме? Адвокатот одговори нула“, рече Хен, по што се откажа од понатамошниот процес со изговор дека ќе биде прескап.

Доказ дека наведениот изговор не држи вода е фактот што во неговата гаража е и Ferrari 275 GTB/C со бројот на шасија 6885, возило за кое се тврди дека е најскапиот автомобил на светот, вреден повеќе од 100 милиони долари.

NSX

Целата приказна сепак има среќен крај, бидејќи Хен наместо Ferrari купил – Honda NSX.

„Штотуку пратив писмо за тоа колку ми се допаѓа NSX. Тоа е најдобриот автомобил што досега сум го поседувал, неверојатен“.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.