Склопувањето на југословенската верзија на Volkswagen Golf во Творница аутомобила Сарајево (TAS) започна во далечната 1976 година и тоа со голем успех

volkswagen-golf-mk1-tas-pikba-02

Во почетокот Golf се склопуваше од делови кои Volkswagen ги допремуваше во TAS, а потоа во производството на југословенскиот Golf се вклучија и компании од цела Југославија.

1982-volkswagen-golf-mk1-tas-damir-01-1031x580

Сите делови произведени на домашниот, југословенски пазар ги исполнуваа најстрогите стандарди на квалитетот, така да нашиот модел на Golf по квалитет воопшто не заостануваше зад германскиот.

1982-volkswagen-golf-mk1-tas-damir-03-600x338

Веќе во 1977 година производството на Golf I ја достигна бројката од 5.000 возила, а секоја наредна година производството растеше. Југословенскиот Golf I се произведуваше до 1985 година, две години подолго од германскиот.

vw caddy tas

Во периодот до 1986 година производството порасна на 25.000 автомобили, со перспектива во блиска иднина да се зголеми на 40.000. Во 1989 година Volkswagen и TAS одбележаа јубилејно производство на 300.000 примероци на Golf, а славеничкиот беше со Alpine бела боја.

vw

Во наредната 1989 година производството ја достигнува бројката од 37.411 примероци на TAS Golf што е и рекордна година, а фабриката броеше 3.500 ангажирани работници.

vw-golf-mk1-avto-02

Golf единиците кои се симнуваа од производните ленти на TAS во однос на германските имаа посебни ознаки, кои асоцираа дека тие возила се произведени во Југославија – J, JL, JX, JD, JLD и JGL.

Покрај Golf во TAS се произведуваа Jetta и Golf Caddy моделите.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.