Во фабриката во Онтарио завршен е првиот сериски примерок на супер-автомобилот на Ford

2017-Ford-GT-3

Во фабриката во Онтарио завршен е првиот сериски примерок на супер-автомобилот на Ford, кој ќе биде произведен во лимитирана серија од само 1.000 единици.

Од вкупно 6.506 заинтересирани купувачи, Ford ги прифати апликациите за првите 500 примероци, додека за останатите 500 нарачките ќе почнат да ги примаат во текот на 2018 година.

ford gt

Фабриката во Онтарио ќе произведува само 250 примероци на новиот GT годишно, така што сопствениците ќе мораат долго да чекаат на испорака.

Ford GT е придвижуван од 3.5-литарски твин турбо EcoBoost V6 агрегат со повеќе од 600кс.

AAlEH0w

Цената се уште не е официјално потврдена, но се шпекулира со сума од околу 500.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.