Lamborghini го претстави рестилизираниот Aventador со значајни механички унапредувања и зголемена сила

Lamborghini-Aventador-S-01

Иако во периодов во фокусот на збиднувањата е помалиот модел Huracan, италијанскиот произведувач претстави унапредена и рестилизирана верзија на поголемиот и постариот Aventador, кој сега ни доаѓа со ознака S.

Lamborghini-Aventador-S-08

Ознаката со себе носи и помодерен и поагресивен изглед со редизајнирани аеродинамички елементи, кои обезбедуваат дури за 130% поголемо прислонување.

Lamborghini-Aventador-S-04

Покрај визуелните измени, 6.5-литарскиот V12 агрегат е засилен за 40кс и сега испорачува 730кс со 690Nm вртежен момент. Со погон на сите тркала и 7-степен менувач, ова е доволно до брзина од 100км/ч да се стигне за 2,9 секунди, со максимална брзина од 350км/ч.

Lamborghini-Aventador-S-05

Но, најважната новост кај овој модел е системот за управување на сите тркала, прв пат применет кај сериски модел на Lamborghini, кој ја зголемува агилноста и стабилноста на болидот.

1

Цената на Aventador S ќе биде за 15.000 евра повисока во однос на актуелниот модел, односно 285.555 евра (цена во Германија без данок), а првите испораки се очекуваат на пролет следната година.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.