На светската автомобилска сцена ненадејно се појави еден одамна заборавен и многу редок драгоцен камен од минатото

00Clipboard

Секој сочуван примерок на класично Maserati заслужува големо внимание на колекционерите и авто-ентузијастите, но Maserati Mexico од 1967 година е навистина нешто посебно. Станува збор за уникатен фабрички прототип.

Maserati Mexico настана во далечната 1967 година на база на првата генерација на Quattroporte, но за разлика од овој модел, Mexico има само две врати и единствена елегантно-спортска линија.

900672364585a887d4f270985506130_v4_big

Од фабричките ленти се симнати само 485 единици на овој модел, но возилото кое во јануари следната година ќе се најде на аукција е уникатно и е во брилијантна кондиција.

Имено, при развојот на овој модел Maserati ангажирал три легендарни каросериски мајстори (Vignale, Bertone и Frua) да создадат три различни прототипа, а предметниот примерок е дело на последно наведениот.

MASERATI MEXICO by FRUA промени неколку сопственици, но и агрегат. Накнадно му е вграден 4.2-литарски V8, а за овој примерок се тврди дека е еден од историски најзначајните Maserati модели на сите времиња.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.