Наместо елегантниот grand turer на Mercedes пред нас е комплетно трансформирана спортска креација на Prior Design

2

„Колата на Дарт Вејдер“ е наречена новата креација на Prior Design, комплетно трансформиран Mercedes S Coupe.

Големото купе доби пошироки предни и задни крила со примена на wide body комплетот во комбинација на фиберглас и дурафлекс материјалите, а спортскиот карактер е максимално изразен.

Набилдани се и одбојниците, а спојлерите заедно со тркалата од 22 цола го комплетираат бруталниот изглед.

Возилото е пошироко за дури 20 сантиметри на задната осовина и 12 на предната во однос на регуларната S класа купе.

Двоумењето дали модификациите се од тјунинг-стајлинг природа или станува збор за нешто посериозно недвосмислено го решава H&R системот на ослонување, кој значително го спушти возилото.

Пневматиците се со димензии 265/30 напред и 315/25 позади, а во пакетот спаѓаат и нагласени прагови, како и дводелниот дифуер со два пара издувни цевки со злокобен изглед.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.