Францускиот произведувач соопшти дека ќе го пропушти Автосалонот во Франкфурт следната година, а еве и зошто…

p

„Можеби нашиот потег може да се нарече радикален, но ние сакаме нашите приоритети да бидат настани на кои ќе можеме да ги разменуваме искуствата со возачите. Саемите се едноставно превисок трошок без резултати“, пишува во соопштението на францускиот произведувач.

Францускиот лав одлучи во иднина да не троши финансиски средства на одредени саеми, па така промоциите на своите модели ќе ги пласира преку дигитални платформи, односно во директен контакт со потенцијалните купувачи.

Во таа насока компанијата го удвои буџетот за дигиталните платформи, а до 2020 година овој вид инвестиции веќе ќе ја достигнат висината на половина од вкупниот буџет. Исто така, Peugeot не сака премногу да се промовира на германскиот пазар каде има удел од само 1,7%.

Да се потсетиме, на последниот Автосаем во Париз не се појавија Ford, Volvo и Mazda.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.