Намалете ја брзината под 40 километри на час поради можна појава на лизгавост на коловозот на посочените булевари, улици и локации

1000x0

Службите на град Скопје започнаа со прскање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат кое треба да ги ублажи последиците од штетните честички во воздухот на неколку критични локации, како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот.

Со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“ во центарот на градот, како и булеварот „Трета македонска бригада” (од крстосницата со улицата „Коста Новаковиќ” до крстосницата со булеварот „Србија”) и булеварот „Србија” (од крстосницата со булеварот „12-та Македонска бригада” до крстосницата со булеварите „Видое Смилевски Бато” и „Јане Сандански”) во Општина Аеродром.

Согласно со условите на терен, бројот на улици кои ќе се третираат со ова средство ќе се зголеми.

Град Скопје нагласува дека брзината на движење на возилата на улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, поради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е веќе поставена и соодветна сообраќајна сигнализација, а изработен е и соодветен сообраќаен проект.

¬á½µ¿p¼ ¼áú¡Ñº¿p¼ áµÑGáG

„Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен, што значи може да се чува за подолг период. При неговото аплицирање како резултат на неговиот состав може да се почувствува слаб мирис на оцет, кој исто така не е опасен по здравјето на луѓето“, информираа од Град Скопје.

Во соопштението се наведува и дека искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 отсто. За реализација на овој процес, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ минатата 2015 година специјално адаптираше шест од новите возила.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.