AvtoVAZ ќе го прослави 40-от роденден на моделот Lada 4×4 со нова верзија која ќе поминува преку 1.000 километри со само еден резервоар

2

Неофицијално, рускиот произведувач работи на верзија која ќе користи компримиран природен гас, односно метан.

Системот е во завршна фаза на испитување пред сериското вградување, а веќе е тестиран на моделите Lada Argus и Lada Vesta. Како погон и понатаму ќе се користи добро познатиот 1.7-литарски бензинец, но со намалена сила од 83 на 75кс.

1

Од место до брзина од 100км/ч Lada 4×4 CNG ќе забрзува за 21 секунда, додека максималната брзина ќе изнесува 123км/ч (137км/ч кај бензинската верзија). Се проценува дека Lada 4×4 CNG во градски услови на експлоатација ќе троши околу 11 кубни метри метан, односно околу 7,5 на отворен пат.

CNG системот ќе биде достапен само во верзијата со пет врати, при што волуменот на багажникот ќе биде намален заради метанските боци.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.