Zastava 1300/1500 граѓаните на цела Југославија ја паметат по убавината, грандиозноста и доверливоста, а буди и прекрасни спомени

$_3

Популарниот „Тристач“ беше своевремено најдобар автомобил во својата класа. Одлично фамилијарно возило, но омилено и кај таксистите, полицајците и генералите.

Miletrecento

Денес, после 37 години од престанокот на неговото производство, меѓу 200.000 произведени единици во Заводите Црвена Застава во Крагуевац може да се најде по некој очуван примерок.

11846563_1624189137824219_6995234595413040566_n

Производството на „Тристач“ започна во далечната 1961 година и траеше се до 1979 година.

PA190399_zps7f83c5ae

Иако се продаваше одлично, па дури и се извезуваше во многу земји, производството беше стопирано за да се ослободи простор за новото национално возило – Zastavа 102, попознато како Jugo.

Во сериите изработени по 1973 година рачката на менувачот е префрлена од воланот на подницата, а во 1976 година е претставена и верзијата Еlegant препознатлива по интегрираните потпирачи за глава на предните седишта.

Покрај караванот, изработени се и повеќе специјални верзии за потребите на милицијата и санитетот.

1976-Zastava-1300

Обидот на вградување на Perkins 1.7-литарски дизел мотор во 1978 година за жал не заживеа, бидејќи релативно чувствителниот преден трап не одолеваше на дополнителното оптоварување.

Srećna porodica i odličan automobil

Денес овој легендарен автомобил е вистинска атракција кога ќе се појави на асфалтот.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.