Еуроимпекс ја покажа својата отвореност за соработка со образовните институции како што тоа го прави со години наназад

sl1 (1)

На 23.12.2016 година во просториите на Еуроимпекс ДОО се одржа пригодна прослава со која се означи завршувањето на дел од проектот „Воспоставување на училишна компанија со водство и менторство од страна на бизнис секторот“.

sl6

Во изминатите три месеци (10.10.2016-23.12.2016) експертскиот тим на Еуроимпекс ги одржуваше предавањата на тема „ Новите Технологии и Технички Карактеристики кај PEUGEOT возилата “ кои ги посетуваа 14 наставници по практична настава од АСУЦ „Боро Петрушевски“.

sl1

На оваа церемонија се доделија дипломи за успешно завршување на обуката на слушателите и признанија на проектниот тим од АСУЦ „Боро Петрушевски“, предводен од директорката д-р Соња РИСТОВСКА која успешно го менаџираше и координираше проектот.

sl3

Г-ѓа Ристовска во оваа пригода ја напомена долгогодишната соработка на училиштето и компанијата и изрази свое големо задоволство по однос на завршувањето на проектот, ја потенцира и соработката која претстои помеѓу двата субјекти, се со цел да училиштето на пазарот на труд произведе компетнтни механичари кои здраво може да застанат на своето работно место уште од првиот работен ден.

sl4

Оваа прилика се искористи и да се отпочне со еден нов проект кој го договорија Еуроимпекс и училиштето, во кој Еуроимпекс донира едно старо-историско возило (олд тајмер) Peugeot 504 на училиштето. Наставниците по пракса заедно со своите ученици за време на практичната настава ќе вршат реставрација на возилото, под будното око на експертите од повеќе области од Еуроимпекс. Официјалното отпочнување на новиот проект го означи г-дин Васил СТАМБОЛИСКИ, директор на пост-продажба и сервис во Еуроимпекс, со предавање на клучевите и сообраќајната од возилото на г-ѓа Соња Ристовска.

sl5

Еуроимпекс верува во успешноста на новиот проект, а особена чест им претставува што имаме можност и директно да учествуваме во креирањето на професионално способна младина.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.