Швеѓаните уште еднаш докажаа дека произведуваат најбезбедни автомобили на светот

volvoredkey

Volvo претстави резервен црвен клуч со посебна намена, кој ќе може да се порача како дополнителна опрема за моделите од серијата 90.

За разлика од произведувачите на спортски автомобили кај Volvo црвената боја не означува дополнителна сила, туку безбедносни ограничувања.

Со неговата употреба се ограничува максималната брзина на возилото на 120км/ч.

Освен ова, автоматски се вклучува адаптивниот темпомат кој ја одржува максималната оддалеченост во однос на возилата напред, а се активираат и други безбедносни системи и системи за асистенција – систем за препознавање на сообраќајни знаци, систем за одржување на возилото во лента, систем за предупредување на судар, а истовремено се ограничува и јачината на звукот на аудио системот.

Црвениот клуч е наменет за возење на млади возачи, сервисни механичари, како и за персоналот кој ги паркира возилата пред рестораните и хотелите.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.