Шведскиот произведувач предложи повлекување на преку 400.000 нови автомобили

Autoliv

Шведскиот произведувач на безбедносни појаси Autoliv соопшти дека на авто произведувачите кои тие ги снабдуваат ќе им предложи повлекување на преку 400.000 единици разни возила со цел превентивен преглед заради потенцијални системски дефекти.

Од Autoliv не прецизираа за кои возила се работи, но познато е дека нивните безбедносни појаси и делови за воздушни перничиња се вградуваат во преку 1.300 модели на разни автомобилски марки ширум светот.

Autoliv1

Спорен е делот на безбедносниот појас кој го регулира неговото затегање, како и делот кој ја контролира иницијацијата на набојот за активирање на воздушното перниче.

Проблемите се откриени при тестирањата, а не во експлоатација во секојдневниот сообраќај. Спорните системи се произведени помеѓу 16 јули и 4 ноември 2016 година.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.