Тјунерите Pandem и Rotiform’s направија фантастична работа

Pandem-Widebody-Tuning-Porsche-Cayman-Rotiform-QLB-8

Често наидуваме на разни скици на спортски автомобили со драматично широки калници и брутално набилдана каросерија, но во повеќето случаи овие храбри визуелни трансформации остануваат во доменот фантазија, но сега работите стојат поинаку.

Деталите за овој посебен модел на Cayman се ограничени, но затоа унапредувањата на каросеријата се толку радикални што не можат, а да не се забележат.

Pandem-Widebody-Tuning-Porsche-Cayman-Rotiform-QLB-2

Жестоко набилданите калници едвај ги покриваат тркалата и пневматиците кои се толку широки што совршено би одговарале и на некое полнокрвно драгстер возило.

Тука е и новиот заден спојлер, нов издувен систем и безбедносен кафез.

Главните механички зафати се извршени на потпирачкиот систем, болидот е поставен толку ниско што буквално ги чисти лисјата на асфалтот.

Тука се и уникатните прагови, потполно редизајнирана предница и комплет на Recaro тркачки седишта.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.