Лидерот на „слободниот свет“ се вози во Cadillac, додека претседателите на другите земји скоро секогаш преферираат Mercedes Pullman

3

Примерот кој го потврдува правилото е токму овој Mercedes-Benz S600 Pullman Guard од 1995 година, поставен на на продажба од страна на германската куќа Mobile.

4

Во овој примерок се возел рускиот претседател Владимир Путин, пред да почне да ја користи специјално дизајнираната Porsche лимузина, односно BMW серија 7 кој неодамна имаше драматична несреќа во Москва.

5

Лимузината е оклопена со B6/B7 нивоа на балистичка заштита, има три реда на седишта и V12 мотор од 6 литри и 394кс.

6

Состојбата на овој Mercedes-Benz S600 Pullman Guard е идентична од времето кога бил користен како официјално претседателско возило, на одометарот покажува 25.000 изминати километри, а имајќи ја во предвид неговата намена цената од дури 1,3 милиони евра можеби и не е толку претерана.

1

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.