По откритието дека производителите фалсификувале документи јужнокорејската влада забранила продажба на дури 10 модели на BMW, Porsche и Nissan

2017-BMW-X5-M

По откритието дека производителите фалсификувале документи, јужнокорејското министерство за животна средина забранило продажба на дури 10 модели на BMW, Porsche и Nissan. Станува збор за измама во врска со регулативите за издувните гасови.

Забранети се моделите BMW X5 M, Infiniti Q50, Porsche Macan S Diesel, Cayennе SE Hybrid и Turbo, 918 Spyder, Cayman GTS, 911 GT3 и Panamera SE Hybrid.

Дополнително, локалните филијали на посочените произведувачи ќе мораат да платат казна од 7,17 милијарди вони, односно околу 5,7 милиони евра. Вкупно се продадени 4.523 единици на наведените модели.

Reuters ги контактираше локалните дивизии на Nissan и BMW, по што е наведено дека марките ќе се обидат да добијат лиценци за спорните модели, додека одговорните од Porsche не дадоа изјава.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.