Автоентузијастите на Калининград за Нова година направија „елка“ од 94 возила

Елка

Во Калининград, на платото пред Палатата на спортот автомобилите се наредени во облик на елка, светлосните единици вклучени и журката може да започне. „Елката“ е снимена и од воздух, а спотот поставен на интернет.

„Се сработивме од чист ентузијазам и за добро расположение. За комуникација при постројувањето користевме радио врска. Сообраќајната полиција не беше повикана, тие дојдоа сами“, изјави за RIA Novosti еден од организаторите на акцијата.

Вакви интересни акции на автоентузијасти во Русија не се ништо ново. Рекордот за најголема новогодишна „елка“ го држат автоентузијастите на Хабаровск со 97 автомобили, а пред тоа во градот Чељабинск беше успешно изведена „елка“ од 80 возила.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.