VW Great Britain претстави нова серија на фотографии на посебниот модел специјално креиран за 40-годишнината на GTI класата на Golf

GTI

Годината 2016 беше одлична за VW Golf GTI – не само што славеше многу важен јубилеј, туку оствари и најбрзо време на круг во Нирбургринг како возило со преден погон, со варијантата Clubsport S.

За сите оние кои не беа доволно среќни да си дозволат еден од 400 произведени примероци на Clubsport S, VW групацијата го нуди Clubsport Edition 40.

VW Golf GTI Clubsport Edition 40 е придвижуван од 2.0-литарски TFSI турбо мотор со 265кс, кој може да досегне и до 286кс за околу 10 секунди целосен потисок, остварувајќи дополнително турбо полнење.

Пред да се оддаде признание на Volkswagen за оваа турбо „магија“, би се запрашале каде и кога последен пат на цивилен пат сме можеле да држиме полн гас повеќе од 10 секунди.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.