По само еден месец од промоцијата на Ferrari J50 се појавија и овие слики кои најавуваат нов модел на Ferrari со V12 мотор

Ferrari V12

По само еден месец од промоцијата на ексклузивниот Ferrari J50 наменет за јапонскиот пазар, се појавија и овие слики кои најавуваат нов модел на Ferrari со V12 мотор.

За сега не е познато дали станува збор за друмски или тркачки модел, а шпекулациите се разновидни.

Ferrari V122

Дури се претпоставува дека е во прашање и уникатен примерок, иако не е стил на Ferrari уникатите да ги најавува на ваков начин.

Сокриената силуета под црвената свила крие детали кои потсетуваат на 458 и 488 моделите, а резето на моторниот капак асоцира на тркачки модел.

Ferrari V123

Но како и да е, сепак ќе мораме за конечниот суд да ја дочекаме официјалната презентација.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.