Два месеци пред официјалната светска премиера ја претставуваме новата генерација на Kia Picanto и тоа со најбогатиот спортски пакет – GT Line

31

Корејскиот произведувач ги објави првите фотографии и технички детали на новата генерација на градскиот автомобил Picanto.

2

Возилото е обликувано во дизајнерските центри на Kiа во Франкфурт и Намјанг, Јужна Кореја. На купувачите ќе им се понуди „до сега најдинамичен избор на бои на екстериерот“, додека патничката кабина е значително унапредена.

4

На располагање се и автоматски клима уред, мултифункционален волан, греење на предни седишта, AUX и USB приклучоци, кожни седишта и многу други содржини.

613799219586cc9bddd023422277625_v4_big

Kia се пофали дека е зголемен и багажниот простор, не прецизирајќи ги бројките.

6

Податоците за моторизацијата на Picanto кое во Кореа се продава под номенклатурата Morning се уште не се познати, но очекуваме дека на купувачите помеѓу останатото, ќе им биде достапен и 3-цилиндричниот 1.0 T-GDI позајмен од поголемиот Cee’d.

5

Повеќе видео материјали и технички детали очекуваме на светската премиера на Автосаемот во Женева во март годинава.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.