„Ел Матадор“ доживеа вистински хорор на етапниот финиш во Боливија

1483656668_336650_1483696560_noticia_normal

Двојниот светски репи првак и победник на Дакар од 2010 година шпанскиот ас Карлос Саинц преживеа вистински хорор на четвртата етапа на овогодишното издание на најтешкото рели на светот.

Буквално ја гледаше смртта во очи, токму како и неколкуте гледачи кои се најдоа на тоа опасно место.

maxresdefault

Блиску до целната рамнина на брзинецот помеѓу Тупиз и Орур на една тешка и непрегледна кривина Карлос прави лоша проценка, влегува со преголема брзина, со „носот“ го закачува брегот и настанува жесток карамбол.

Голема среќа е што никој не е повреден, а по несреќата популарниот „Ел Матадор“ се жалеше на болки во грбот и се повлече од натпреварувањето.

15894534_1355709557792883_5786449001898946793_n

Болидот на Peugeot претрпе големи оштетувања и вистинско чудо е што никој од гледачите не настрада.

Важно е да се прецизира дека фантастичниот тим на Peugeot по петте извозени етапи апсолутно доминира на Дакар 2017 – прв е Mr. Dakar, пред Лоеб и Депре.

Шестата етапа е прескокната заради невреме и поплави на теренот, а денес се вози седмата.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.