Петата генерација на мобилната телефонија ќе овозможи меѓусебна комуникација на автомобилите

peugeot 3008

Ericsson, Orange и PSA групацијата потпишаа договор за соработка, тестирање и развој на технологија на петата генерација на мобилната телефонија за потребите на вмрежените автомобили и интелигентните транспортни системи.

Комуникацијата вклучува комуникација на возило со возило, како и возило со инфраструктура во реално време за безбедносни потреби, но и други услуги.

Ericsson е задолжен за мрежата, Orange пружа операторска инфраструктура, додека PSA групацијата ќе биде задолжена за техничката валидација и тестирањето во склоп на постоечката архитектура на возилата.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.