FBI уапси функционер на VW групацијата со обвинение обид за измама

download

FBI уапси висок функционер на VW групацијата врз основ оптужница за обид за измама на САД, извести New York Times.

Оливер Шмит, кој беше на чело на канцеларијата за жалби на Volkswagen во САД од 2014 до март 2015 година уапсен е во саботата на Флорида.

Јавните обвинители на Њујорк и Масачусетс го гонат Шмит под обвинение дека одиграл една од најважните улоги во обидите на Volkswagen да ја сокрие измамата во врска со дизел моторите од американските власти.

images

Шмит и некои други официјални лица на VW повеќе пати јавно наведувале лажни технички детали и објаснувања во врска со нивоата на емисијата на издувните гасови, тврдат обвинителите.

VW одби било какви коментари по повод апсењето, а FBI не беше достапен за новинарите.

Симптоматично е и тоа што повисоките функционери на Volkswagen не се присутни на овогодишниот NAIAS во Детроит.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.