Снимката е направена вчера утро на излезот од Скопје и на неа јасно се гледа како неисчистениот автопат сурово ги казнува возачките грешки

Снимката е направена вчера утро на излезот од Скопје. Неприлагодената брзина на овој возач можела да предизвика многу посериозни, па дури и фатални последици.

Од друга страна, од авион се гледа дека само средната лента на автопатот е исчистена, додека левата е многу опасна за возење.

Доколку и таа била исчистена и соодветно третирана (Русите посипуваат специјална мешавина на сол, земја и крупна прашина од специјален јаглен) ваквите инциденти немаше да се случуваат.

prekin

Покрај најавените поларни температури и снегот, надлежните не се покажаа ефикасни во расчистувањето на снегот, така што има неисчистени патишта, а дел од населбата Аеродром, Кавадарци и Неготино останаа и без вода поради замрзнати и испукани цевки.

Народниот правобранител вели дека граѓаните, а и возачите имаат право да ги тужат надлежните заради неисполнувањето на обврските и задачите.

15894291_1722660144418228_7356379962182639323_n

„Луѓето повеќе се научени да трпат отколку да бараат правда. Мислат дека ова со смрзнатите тротоари и улици е работа што треба да се трпи, дека е природно, не знаат дека општините треба да издвојуваат средства секоја година во буџетот за да ги расчистуваат навреме улиците и оти тоа е нивна одговорност”, вели Народниот правобранител Иџет Мемети.

15895077_1322608174444751_4311571726951338480_n-696x522

Според него неисполнувањето на законските обврски и должности од општините за расчистувањето на снегот, се нарушување на правата на граѓаните.

Многу села останаа отсечени од светот поради неисчистените патишта. Во регионот на Скопје отсечени се селата во близина на Чучер Сандево, Брест, Малино и Танушевци, како и селото Летевци во близина на Петровец, а неисчистен е и патниот правец кон село Пагаруша.

straza-sneg-01a-670x437

Отсечени и завеани села има во регионите на Штип, Велес, Куманово, Кратово, Македонски Брод, Охрид.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.