Минатиот месец ги објавивме првите фотографии на рестилизираниот 308, а сега ги споделуваме информациите за унапредувањата извршени на овој модел

Peugeot 308

Минатиот месец ги објавивме првите фотографии на рестилизираниот 308, а сега ги споделуваме техничките карактеристики за унапредувањата извршени на овој модел.

Овој пат францускиот „лав“ се одлучи за дискретна рестилизација на моделот 308, а најголемите промени се на предниот дел на возилото – нови се маската на ладилникот и браникот, додека лед светлата се заменети со помодерни лед ленти. Браникот има поголеми отвори за воздух, а нови се и магленките.

Peugeot 308 2

Иако овој пат не објави фотографии од задниот дел на возилото, Peugeot соопшти дека задните светлосни единици се исто така благо рестилизирани.

Најважните промени на моделот за 2018 година се однесуваат на моторизацијата и на преносните системи. Најсилната дизел верзија 308 GT со мотор од 180кс сега е опремена со нов 8-брзински автоматски менувач, за разлика од актуелниот кој користи 6-степен автоматик.

Peugeot 308 3

Покрај ова, Peugeot 308 за 2018 е прв модел на овој француски произведувач кој го доби ново развиениот 4-цилиндричен дизел мотор од 130кс со пониска емисија на штетни гасови.

Унапреден е и PureTech 130 S&S бензинецот, кај кого е намалена потрошувачката на горивото и емисијата на штетни гасови, а моторот е поврзан со нов 6-брзински мануелен менувач.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.