Повеќето супер-спортисти одработуваат занемарлива километража, но не и овој Lambo со многу интересна приказна, кој преживеал стотини возачи, тортури на патека, па дури и една тоталка

Lamborghini Murcielago

Повеќето суперспортски автомобили одработуваат занемарлива километража, но не и овој Lamborghini со многу интересна приказна, кој во својот животен век преживеал стотини возачи, месеци тортура на тркачка патека, па дури и една тоталка, при тоа набивајќи рекордна километража.

Сајмон Џорџ од секогаш сонувал да поседува Lamborghini. Покрај желбата и амбицијата, храброста не му недостасувала. Во 2004 година целиот свој имот го става под хипотека и одбира Lamborghini Murcielago, кој чинел 180.000 британски фунти. Свесен дека има само за неколку рати од по 3.000 GBP, знаел дека мора нешто брзо да смисли за самиот автомобил да започне да се исплаќа.

Lamborghini Murcielago 2

Сајмон одлучил дека решението е наем, па затоа возилото го изнајмил на компанија која нуди школо за брзо возење. Како расен тркачки коњ, ова Lamborghini Murcielago во следните две години одработувало кругови на тркачка патека, а зад неговиот управувач биле стотини возачи.

Во 2006 година Џорџ отвора свое школо за брзо возење, го впрегнува своето „Ламбо“, а во меѓувреме и пишува за реномиран авто магазин и така се до 2012 година кога суперавтомобилот доживува тежок карамбол. Тогаш ова Murcielago имало поминато 258.000 миљи, односно 415.000 километри, што го прави највозено Lamborghini на сите времиња.

Lamborghini Murcielago 3

Приказната сепак има среќен крај. Денес, четири години подоцна и за околу 100.000 евра полесен, Сајмон повторно го има својот автомобил, потполно обновен и секојдневно си го вози.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.