Lancia во периодов работи само на домашниот пазар, а нејзината гама е сведена само на еден единствен модел – Ypsilon

lancia-german-official-site_002

Брендот Lancia, во сопственост на FIAT, во периодов работи само на домашниот пазар, а нејзината гама е сведена само на еден единствен модел – Ypsilon.

Во последниве неколку години, на огромна жалост на бројните фанови на овој произведувач со славна историја, сведоци сме на тивко гасење на брендот Lancia.

Lancia-Delta_1.8_Di_Turbo_Jet-2009-1024-06

Во 2014 и 2015 година престанаа да се произведуваат моделите Delta, Thema и Voyager (последните два модели беа возила на Chrysler со значка на Lancia), за потоа компанијата да најави постепено повлекување од сите европски пазари, освен од италијанскиот.

Иако Lancia не издаде официјално соопштение, сите нивни интернет страници во европските земји се отстранети минатиот викенд.

Lancia-Voyager-2012-1024-06

Интернет посетителите се упатуваат на другите брендови од FIAT-Chrysler компанијата, доколку се заинтересирани за купување на ново возило.

Функционира само италијанскиот сајт, со специјална понуда на единствениот преостанат модел Lancia Ypsilon, која важи до крајот на мај.

Lancia-Ypsilon-2016-1024-01

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.