Да се поседува Countach значи да се има многу исплатлива инвестиција, а кога тоа возило е филигрански збогатено со злато тогаш станува збор за нешто посебно

Lamborghini Countach3

Аукциската куќа RM Sotheby’s во земскиот рај на брегот од езерото Комо ќе продава Lamborghini Countach со внатрешност украсена со злато.

Lamborghini Countach2

Станува збор за еден од само два произведени примероци со бела боја и ентериер во бела кожа. Со злато се украсени управувачкиот столб, инструмент таблата, рачката на менувачот и друго.

Lamborghini Countach

Возилото е испорачано ново во САД, од каде по неколку години е извезено во Јапонија. Сегашниот сопственик е Холанѓанец, кој и го реставрирал.

Lamborghini Countach5

Lamborghini Countach е придвижуван од 5.0-литарски V12 агрегат, кој развива 450кс.

Lamborghini Countach4

Аукцијата ќе се одржи на 27 мај, а се проценува дека возилото ќе биде продадено по цена помеѓу 475.000 и 575.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.