Иако не толку познат и славен како некои негови колеги, овој скромен Италијанец од Торино е најпродуктивниот дизајнер во историјата на автомобилизмот

2e2a6883febf358c36103b7b226e9bcc

Се смета дека Giovanni Michelotti (1921-1980) дизајнирал околу 1.200 различни автомобили и – еден апарат за кафе.

Веќе со 14 години Џовани се вработува во студиото Stabilimenti Farina и го учи занаетот, а во 1946 година отвора сопствено дизајнерско студио.

1960_Michelotti_Nardi-Plymouth_Silver_Ray_06

За разлика од останатите работилници, Микелоти само ги цртал автомобилите и изработувал прототипови, а неговите идеи потоа други ги претворале во продукциски серии.

Работел по нарачка, како за автомобилските произведувачи, така и за големите куќи, како што се Vignale, Allemano, Ghia и Bertone.

По природа скромен, својата слава за неговите модели им ја препуштал на другите.

Најуспешна соработка имал со Triumph и BMW, изработувајќи низа класични модели, а соработувал и со Lanciа, DAF, Maserati, Leyland, Alpine, Reliant и други.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.